Најдобриот кошаркар на Голден стејт Вориорс Стеф Кари официјално се враќа во тимот во четврток, против Торонто Репторс.
Кари поради повреда отсуствуваше четири месеци, односно пропушти 58 натпревари на Голден стејт. Враќањето ќе го има пред домашната публика во Сан Франциско против актуелните шампиони.
Stephen Curry will return to the lineup tomorrow night against the Toronto Raptors. pic.twitter.com/BIYevShRs6
— Golden State Warriors (@warriors) March 5, 2020
Кари сезонава има одиграно само четири натпревари. Во октомври доживеа тешка повреда на раката.
Во отсуство на Кари и на Клеј Томпсон кој воопшто нема да игра оваа сезона, Вориорс бележат очајни резултати. Тие се последни во лигата со само 14 победи и дури 48 порази.