Карпош Соколи и Фени индустри забележаа победи во третото коло во кошаркарскиот шампионат, откако во драматични натпревари ги совладаа опонентите Куманово, односно АВ Охрид.
Куманово, во дербито, го пречека тимот на Карпош Соколи и забележа пораз 83:94 (27:22, 19:18, 25:22, 12:32)
Карпош Соколи, вицепрвакот на Македонија и освојувач на Купот во минатата сезона, гостуваше во Куманово, беше во негатива до последната четвртина, во која го влезе со негатива од девет поени, а на крајот славеше со 11 поени разлика.
„Соколите“, во последните десет минути одиграа совршено во двата правци и ги добија решавачките десет минути со 12:32.
Соколов со 22 и Делиќ со 20 поени го предводеа тимот од Скопје, додека кај домаќинот подобри од останатите беа Милковиќ со 19 и Караџовски со 18 поени.
Актуелниот вицепрвак го задржа максималниот ефект по три натпревари, додека Куманово има една победа и два порази.
Фени индустри го пречека тимот на АВ Охрид и успеа да се извлече во финишот на натпреварот, најпрвин домаќинот избори дополнителни пет минути, а во продолќението славеше 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23, 18-8).
Блескаше во редовите на тимот од Охрид Американецот Бери со 31 поен, но немаше добра поддршка од соиграчите, само уште Крег и Цонков постигнаа двоцифрен број на поени.
Фени до победата го предводеа Бери со 29 и Мирковиќ со 19 поени.
Фени го запиша премиерниот триумф во новата сезона, а ист скор 1/2 имаат и Охриѓани.
Третото коло ќе биде комплетирано во наредните денови со дуелите Пелистер-Гостивар (утре), Кожув-Работнички (24 октомври) и Струмица-МЗТ (25 октомври).
фото/mkf.mk