Top Sport

Картичка со ликот на Коби продадена за 1,8 милиони долари

Картичка со ликот на прерано починатиот Коби Брајант, на он-лајн аукција, била продадена за сума од 1,8 милиони долари.

Картичката е од сезоната 1996/97, кога славниот кошаркар дебитираше во НБА лигата. Од две причини картилката достигнала толку висока цена: ова е една од две картички што биле направени и картичката била во беспрекорна состојба.

Аукцијата на која била продадена картичката ја организирала „Голден аукција“.

Целото име на картичката е „1996-97 Topps Chrome Refractors #138 Kobe Bryant Rookie Card — BGS PRISTINE/Black Label 10“.

Петкратниот НБА шампион со Лос Анџелес Лејкерс, загина во хеликоптерска несреќа на 26.јануари 2020. Во несреќата покрај 41-годишниот Брајант, загинаа уште осум лица, меѓу кои и неговата ќерка Џијана.

Интерсно ова не е најскапо продадената картичка со ликот на некој НБА играч. Картичка со ликот на Џеброн Џејмс од сезоната 2003/2004, во јули 2020 година, достигнала цена од 1,845 милиони долари.

На вакви аукции најскапо се продаваат картичките со ликовите на бејзбол играчите. Картичката со ликот на легендата Мики Ментл од 1952 година е продадена за 5,2 милиони долари.

Пред три дена картичка од 2000 година, со ликот и потписот на најтрофејниот квотербек во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди, достигна цена од 1,32 милиони долари.

Scroll to Top