Top Sport

(Видео) Касиерка во маркет не го препознала Јокиќ: Синко колку си голем, ти си само за кошарка

Порталот Klix.ba објави одлична приказна за Никола Јокиќ. Ѕвездата на Денвер Нагетс бл во Горажде, снимен е во продавница каде продавачката направила вистинско шоу.

МВП-то на финалето на НБА, Никола Јокиќ, по којзнае кој пат докажа дека е обичен човек, човек од народот.

Кошаркарот бил во Горажде и влегол во продавница во населбата Баќци, а продавачката Дина направила шоу.

Јокиќ бил со пријателите и дошол да земе пиво, сок и некои други ситници, а жената која работи на касата не го препознала.

„Ај синко, колку си голем, ти си само за кошарка“, му рекла Дина, што предизвикало општа смеа кај Јокиќ и присутните.

Таа воопшто не знаеле дека пред неа стои најдобриот кошаркар на светот.

Видеото на кое се гледа Никола Јокиќ во продавница во Горажде можете да го погледнете со кликнување ТУКА.

Касиерката не го препознала Јокиќ, но го препознал еден од работниците, а Дино Зорлак, сопственик на маркетот, контактирал со Klix.ba и ги разкажал деталите.

„Бев во град кога ми се јавија и ми рекоа дали знаеш дека Никола Јокиќ е во нашиот маркет. Еден од вработените ми кажа дека Јокиќ со неговите пријатели влегле во маркетот да пазарат пијалок и некои ситници.

Тие беа љубезни и весели. Никој не можеше да поверува, но тоа се случува. Дина, касиерката, не насмеа сите. Секако дека ја споделивме снимката. Луѓето беа воодушевени што го видоа, но жал ни е што немавме можност малку да поразговараме. Никола, но сите останати се секогаш добредојдени во Горажде и кај нас“, рече Зорлак.

Scroll to Top