Влијателниот каталонски медиуми „Спорт“, во саботата објави бомбастична вест дека крилниот-центар Никола Миротиќ се наоѓал пред потпис на договор со Барселона.
Црногорецот со шпански пасош е слободен играч откако му заврши договорот со Милвоки Бакс. Во НБА-лигата тој играл и за Чикаго Булс, односно Њу Орлеанс Пеликанс. Има просек од 12,3 поени, 5,4 скока и 1,4 асистенција по натпревар во НБА-кариерата.
Сепак останува дилемата дали Миротиќ има намера да се врти во Европа, бидејќи во САД може да добие многу поголем договор, се работи за сума помеѓу 10 и 15 милиони долари за сезона.
Миротиќ во минатото како играч на Реал Мадрид беше МВП на шпанската АЦБ-лига. Во кариерата има златен медал со Шпанија од ЕП во 2015 година и сребрен медал од ОИ во 2016 година.