Top Sport

Казинс го скинал квадрицепсот (Видео)

Демаркуз Казинс сигурно ќе ја пропушти серијата со ЛА Клиперс, во првото плејоф коло во НБА лигата, а многу веројатно е дека Голден стејт Вориорс нема да можат да сметаат на неговите услуги до крајот на сезоната.

Казинс се повреди пред два дена за време на вториот меч со ЛА Клиперс, одигран во „Оракл“ арена во Оукленд.

Магнетната резонанца покажала дека го скинал мускулот на квадрицепсот на левата нога. Од клубот, по повод повредата на Казинс, рекле дека навремено ќе ја информираат јавноста околу неговото враќање на кошаркарските терени.

Казинс, минатото лето, како слободен играч од Њу Орлеанс Пеликанс се пресели во Голден стејт Вориорс. Поради повредата на ахиловата тетива тој во новиот клуб дебитираше во јануари.

Неговото отсуство на центарската позиција ќе треба да го надоместат Кевин Луни и Ендрју Богут.

Scroll to Top