Top Sport

Кинески клуб подготвил 25 милиони долари за Двејн Вејд

Неколку кошаркарски тимови од Кина, во изминатиот период, покажаа интерес за НБА ветеранот Двејн Вејд, а денес тој ја доби првата конкретна понуда.

Екипата на Џеѓијан Голден булс, на Вејд му нуди 25 милиони долари за три сезони, објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“.

Понудата е поголема од онаа што 36-годишниот кошаркар би можел да ја добие од било кој тим во НБА лигата.

Вејд има доволно време да размисли, дали ќе се пресели во Кина или ќе остане во НБА лигата. Неодамна самиот изјави дека доколку остане во НБА лигата, дека во опција ќе биде само тимот на Мајами Хит.

Популарниот „Флеш“, минатата сезона ја започна во Кливленд Кавалирс, а ја заврши во Мајами Хит каде и ја започна својата професионална кариера и каде се етаблираше како еден од најдобрите бекови во НБА .

Scroll to Top