Top Sport

Кириленко имал дозвола за „швалерација“ – вели дека не ја (зло)употребил!

Легендарниот руски кошаркар Андреј Кириленко кој сега е претседател на рускиот Кошаркарски сојуз своевремено имал договор за изневерување наа сопругата.

Кириленко кој имаше богата НБА кариера е во брак со Маша Кириленко, ќерка на познатиот репрезентативец на СССР, Андреј Лопатов.

Иако за многумина е неверојатно, Маша и Андреј имаат авангарден однос во бракот. Главната причина за тоа е договорот кој стои меѓу нив двајцата и во кој Маша му дозволила на својот сопруг да ја изневери, но само еднаш годишно во текот на напорната НБА сезона (додека тој беше во САД).

Маша тоа го објаснува дека НБА играчите се големи ѕвезди и во чекор ги следат купишта девојки, кои сакаат да поминат една ноќ со нив.

„Забранетото овошје секогаш е најпосакувано, а спортистите се на тоа подложни. Спортистите во САД се многу пожелни, ги бркаат девојки, па тешко е да се `одбранат`. Таква им е природата. Ако веќе се плашам, го пуштам тоа да го стори – тоа не е неверство“ изјавуваше госпоѓа Кириленко во 2006 година за локалниот „Солт Лејк Трибјун“ додека Андреј го носеше дресот на Јута Џез.

И легендарниот кошаркар го кажа своето мислење:

„Секако дека се изненадив, не планирам да ја изневерам, но ми рече: `Ако сакаш, слободно можеш`. Јас сакам многу деца“ рече тогаш Кириленко.
Инаку, парот е во среќен брак уште од 2001 година. Ги имаат синовите Фјодор и Степан, како и ќерката Александра.

Scroll to Top