Top Sport

„Класата 2023“ во Куќата на славните засекогаш ќе се памети

Двејн Вејд, Грег Поповиќ, Пау Гасол и Дирк Новицки, на свечена церемонија одржана во Спрингфилд, родното место на кошарката, овие суперѕвезди беа примени во Куќата на славните.

Секој од кошаркарите кои беа примени во Куќата на славните беше придружуван од кошаркари кои веќе се примени во куќата на славните.

Грег Поповиќ и Тони Паркер заедно влегоа во Куќата на славните. Тие беа придружувани од Дејвид Робинсон, Ману Џинобили и Тим Данкан.

Вејд го избра својот долгогодишен соиграч од Мајами, Крис Бош, додека Новицки ги зеде соиграчите Џејсон Кид и Стив Неш.

Шпанецот Гасол во Куќата на славните го внесе неговиот идол од детството славниот хрватски кошаркар, Тони Кукоч.

Меѓу другите кои му се придружија на Поповиќ, Гасол, Вејд и Новицки се Џин Бест, најдобриот кошаркарски тренер на сите времиња, потоа легендата на ВНБА Беки Хамон, легендарниот тренер Дејвид Хиксон, Џин Кеди, Гери Блер и репрезентацијата на САД која учествуваше на Олимписките игри во 1976 година.

Scroll to Top