Top Sport

Клеј Томпсон ја скинал ахиловата тетива

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, Клеј Томпсон, се повредил на тимскиот тренинг. Според американските медиуми тој ја скинал ахиловата тетива. Неговиот клуб, Голден стејт Вориорс, се уште не се огласиле по оваа повреда.

НБА-инсајдерите тврдат повредата на Томпсон е сериозна и дека тој ќе ја пропушти речиси целата сезона.

Доколку навистина ја скинал ахиловата тетива, тоа ќе значи дека Томпсон во само една година се здобил со двете најтешки спортски повреди.

Тој ја пропушти целата сезона 2019/2020, бидејќи во финалната серија во плејофот, против Торонто Репторс гии скина лигаментите во коленото.

Scroll to Top