Top Sport

Клиперс го запреа Дончиќ, Јокиќ „скокаше“ во победата на Денвер (Видео)

Далас Маверикс во ноќта помеѓу вторникот и средата забележаа пораз од Лос Анџелес Клиперс 114:99, додека Денвер Натетс победија во Вашингтон 117:104. Скромни изданија имаа Лука Дончиќ кај Далас, односно Никола Јокиќ кај Денвер.

Далас немаа шанси кај тимот што ќе атакува на шампионската титула. Клиперс победија 114:99, откако на полувреме имаа 16 поени, а во еден дел од третата четвртина и цели 24 поени предност.

Доминираа Каваи Ленард и Пол Џорџ со 28 односно 26 поени, а преку 20 поени уфрли и Лу Вилијамс (21).

Дончиќ го предводеше Далас со 22 поени, но со очаен шут од поле (4/14).

Далас без многу го победија Вашингтон 117:104. Најдобриот играч во тимот Јокиќ постигна само осум поени, но имаше 20 скока и пет асистенции. Џереми Грант со 20 поени го предводеше Денвер.

Scroll to Top