Top Sport

Кливленд еден месец без Томпсон

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Тристан Томпсон, поради повреда од НБА терените ќе отсуствува помеѓу три и четири недели.

Томпсон, во средата на натпреварот со Индијана Пејсерс (107:124), го повреди листот на левата нога, поради што теренот го напушти во втората четвртина.

Центарот на Кавалирс сезонава има просек од 4,4 поени и 6,4 скока по натпревар.

Вицешампионот Кливленд лошо стартуваше во новата сезона, по осум натпревари има скор од три победи и пет порази и се наоѓа на 13 место во Источната конференција.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');