Филаделфија победи во Бостон кај најдобриот тим во Источната конференција, додека Кливленд успеа да се спаси од нов срам, откако во трилр завршница го победи Орландо.
Бостон без Кајри Ирвинг (болки во левото рака) не успеа да слави против малдиот тим на Филалдлефија. Гостите до победата го предводеа Џоел Ембид со 26 поени, 16 скока, 6 асистенции и Дарио Шариќ со 16 поени и 6 скока.
Во отсуство на Ирвинг кај Бостон најефикасни со по 14 кошеви беа Ал Хорфорд и Маркус Морис.
Кливленд славеше над Орландо 104:103, а последните поени ги постигна Ајзеа Томас од линијата за слободни фрлања на 11 секунди до крајот на мечот. Томас беше најефикасен со 21 поен, пет помелку постигна Леброн Џејмс.
Орландо во Кливленд го забележа 15.пораз на последните 17 натпревари. Арон Гордон со двоен ефект од 17 поени и 11 скока беше најдобар во редовите на Орландо.