Top Sport

Кливленд го отпуштија Џеј-Ар Смит

Искусниот Џеј-Ар Смит доби отказ во Кливленд Кавалирс. 33 кошаркар ќе се стекне со статус на неограничен слободен агент.

Кавалирс од ноември минатата година се обидуваа, но не успеаја да се ослободат од Смит, кој поради повреда минатата сезона одигра само 11 натпревари.

Како што пренесува ЕСПН Смит нема долго да биде без клуб. Наводно тој повторно ќе ги здружи силите со Леброн Џејмс, што значи дека ќе стане играч на Лос Анџелес Лејкерс.

Scroll to Top