Top Sport

Кливленд ја размени пола екипа

Актуелниот вицепрвак во НБА лигата Кливленд Кавалирс во вториот дел од сезоната ќе влезе со нов тим откако во последните часови од преодниот рок се ослободи од шестмина кошаркари. Најзвучно име од оние кои го напуштија Кливленд е Ајзеа Томас кој на почетокот на сезоната пристигна во Охајо во замена за Кајри Ирвинг.

Ајзеа Томас кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Лејкерс, а во Кливленд од редовите на „езерџиите“ се преселија Џордан Кларкстон и Лери Ненс јуниор. Исто така Лејкерси од Кливленд добија и пик од првата рунда на наредниот драфт. Исто така во ЛА замина и крлниот играч Ченинг Фрај.

Екипата од Лос Анџелес на овој начин се ослободи од големиот договор кој го имаше Кларксон и отвори простор за голем трансфер во летниот преоден рок кога мета на „езерџиите“ ќе биде Пол Џорџ или Леброн Џејмс.

Веднаш по овој трејд, новинарот Адријан Војнаровски, објави дека Кливленд се ослободил и од Двејн Вејд, Дерик Роуз, Џае Краудер и Имам Шамперт. Во целиот трејд биле вклучени уште три тима.

Во Кливленд пристигнаа Родни Худ од Јута Џез и Џорџ Хил од Сакраменто Кингс, во Јута заминаа Краудер и Роуз, а Сакраменто од Кливленд го доби Шамперт, а од Јута ветеранот Џо Џонсон. Исто така Сакраменто од Кливленд го доби првиот пик на драфтот во 2020 година и три милиони долари.

Вејд по 18 месеци се врати во Мајами Хит, во замена за заштитен пик од втората рунда на драфтот.

Првичните коментари во САД по овој потег на Кливленд се дека раководството се збогува со титулата оваа сезона и дека се подготвуваат за заминувањето на Леброн Џејмс.

Scroll to Top