Top Sport

Коби Брајант номиниран за Оскар

Легендата на НБА лигата Коби Брајант е номиниреан за наградата на Американската филмска академија, популарниот Оскар.

Петкратниот НБА шампион, еден од најдобрите во историјата на НБА кошарката е номиниран во категоријата „најдобар краток анимиран филм“, за остварувањето „Dear Basketball“

Брајант е „сценарист“, а филмот е во режија на аниматорот на студиото „Дизни“, Глен Кин.

Филмот е иснпириран од песната на Брајант „The Players’ Tribune” со која тој во 2015 година ја соопшти својата одлука за заминување в пензија.

„Што? Па ова е повеќе од она што можев да замислам. Многу ми значи што Академијата смета дека филмот заслужил номинација. Им благодарам на Глен Кин и Џон Вилијамс што мојата поема ја донесоа на ова ниво. За мене е чест што сум во нивниот тим“, нашишал Коби на Твитер откако дознач дека филнот е номиниран за Оскар.

Scroll to Top