Легендарниот американски кошаркар, инаку глобален амбасадор на Светското првенство во Кина, Коби Брајант, рекол дека САД би можеле да останат без златниот медал на Мундо баскетот.
Дали може Србија да ги победи САД?
„Мислам дека може. Секој секого може да победи на овој турнир. Мораме да бидеме внимателни и подготвени“, рекол Брајант.
Србија е наведена во прашањето бидејќи оваа репрезентација Американците ја победуваа во финалните мечеви на претходното СП и на Олимписките игри во 2016 година.
„Секогаш постои можност САД да не го освојат златниот медал. Тоа може да се случи на овој турнир. Би рекол дека веројатноста е голема“, дополнил еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.
Инаку, утре од 11.30 часот, по средно европско време, ќе бидат извлечени групите за СП во Кина (31 август-15 септември). САД се во првиот, а Србија во вториот барабан.