Top Sport

Коби доби Оскар (Видео)

Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс Коби Брајант е добитник на филмската награда Оскар за анимиранот филм „Драга кошарко (Dear Bsketball)“, во кој ја опиша својата кариера.

„Ние како кошаркари би требало само да дрибламе и да уштираме, но мене ми е драго што правиме и некакви други работи“, рекол Брајант по добивањето на наградата.

Филмот во кој Брајант ја опишува кариерата е анимиран, трае пет минути, кошаркарот е продицент и наратор во филмот.

Со добивањето на филмската награда Брајант само ја надополни ризницата на трофеи кои ги освои како играч.

За 20 години во ЛА Лејкерс тој стана петкратен НБА шампион, бил најдобар играч во сезоната 2007/2008, два пати бил најдобар стрелец во лигата и МВП на финалната серија.

Scroll to Top