Коби Брајант го критикувал својот поранеше соиграч Шекил О’Нил одговарајќи на прашањето дали еден од најдоминантните центри во историјата на лигата можел да биде најдобриот играч на сите времиња.
„Шек можеше да биде најдобриот на сите времиња. И тој ќе ви го признае ова. Да сакаше да оди во теретана јас денес ќе имав најмалку 12 шампионски прстени, а не само пет! Секогаш му велев да го мрдне мрзливиот дебел г.з…но не ме слушаше“, рекол Коби.
На оваа критика веднаш преку социјалните мрежи возврати поранешниот центар на Орландо, Лејкерс, Мајами, Кливленд и Бостон.
„Коби можеби ќе имаше 12 прстени доколку подадеше некоја топка во финалето против Детроит во 2004 година! Да не одев во теретана немаше да стои мојата статуа пред Форумот“, напишал Шекил на својот профил на „Инстаграм“