Top Sport

Коби не загинал поради пилотска грешка

Адвокатите на загинатиот пилот Ара Зобајан тврдат дека тој не е виновен за падот на хеликоптерот во кој загинаа девет лица вклучувајќи ги Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џијана.

Во судскиот документ пишува дека сите повреди и штети настанати по падот на хеликоптерот се по вина на патниците кои биле свесни во каков ризик влегуваат, соопштил братот на обвинетиот пилот кој исто така загина во несреќата.

Невниманието на патниците бил факторот кој во најголема мера придонел за трагичниот крај, а за кој обвинетиот не сноси никаква одговорност, се наведува во овој документ.

Документот е одговор на тужбата која ја поднесе вдовицата на Коби, Ванеса, а која нејзиниот адвокат ја поднел на 24 февруари.

Ванеса за смртта на сопругот и ќерката и останатите патници ја обвини компанијата во чија сопственост бил хеликоптерот и пилотот кој управувал со леталото.

Адвокатите на обвинетиот истакнале дека тој не влијаел ниту пак имал право да влијае врз однесувањето на патниците и побарале обвинението да биде отфрлено.

Адвокатите на Ванеса Брајант не биле достапни за коментар.

Застапниците на блиските на останатите загинати поднеле тужба само против компанијата во чија сопственост бил хеликоптерот.

Scroll to Top