Top Sport

Кога можат сите, може и тој – Ламар Одом се подготвува за боксерско деби

Поранешната НБА ѕвезда, Ламар Одом, кој остана познат колку по своите спортски способности, толку по контроверзите и „дивиот“ начин на живот, сега планира да влезе во боксерскиот ринг во јуни, против засега неименуван противник.

41-годишниот Одом ќе го следи примерот на уште еден поранешен НБА кошаркар, Нејт Робинсон, со боксерските ракавици, но ќе се надева да не заврши како него – Робинсон во ноември беше „патосиран“ од Јутјуберот Џејк Пол во дуел кој беше пред-меч на пресметката меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор.

Фановите на Одом, кој во 2018 изјави дека имал 12 мозочни удари и 3 срцеви удари во 2015 година, кога беше пронајден предозиран на кокаин во еден бордел во Лас Вегас, се загрижени за неговото однесување и за влегувањето во рингот, сметајќи дека тој не е доволно подготвен за опасна активност.

Scroll to Top