Top Sport

Кокошков ќе биде првиот европски тренер во НБА?

Србинот Игор Кокошков, поранешниот селектор на словенечката репрезентација, кој лани ги предводеше „змајчеките“ до европската титула, најверојатно ќе стане првиот европски тренер кој предводел еден НБА тим.

Шпекулациите од САД велат дека тој е главниот кандидат од следната сезона да биде тренер на Феникс санс. Кокошков има доволно искуство во НБА – во моментов работи како помошник тренер на Јута џез, а беше помошник и во Феникс санс од 2008 до 2013, како и во Лос Анџелес клиперс, Детроит пистонс, Кливленд кавс и Орландо меџик. 46-годишниот Србин исто така беше прв европски тренер кој бил помошник во НБА и прв неамерикански тренер кој бил дел од тренерскиот тим на Ол стар натпреварот (2004).

Кокошков, кој беше тренер на повеќе српски клубови, ја прекина својата кошаркарска кариера на само 24 години по сообраќајна несреќа, за да стане најмладиот тренер во Србија. Во 1999 тој беше тренер на Тајгерс, клубот на Универзитетот во Мисури.

Фото: ЕПА

Scroll to Top