Top Sport

Кокошков прв фаворит за клупата на Фенербахче

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација и помошник-тренер на Сакраменто кингс, Игор Кокошков се договорил да стане новиот тренер на Фенербахче, јавува „ЕСПН“ преку својот новинар Адријан Војнаровски.

Поранешниот тренер на Феникс санс е „втор избор“ на Фенербахче, откако по заминувањето на Жељко Обрадовиќ се веруваше дека Шарунас Јасикевичиус ќе дојде во Истанбул, пред Литванецот да потпише договор со Барселона, која вчера го отпушти Светислав Пешиќ.

Scroll to Top