Top Sport

Кокошков прв пик за тренер на Панатинаикос

Српскиот кошаркарски стручњак, Игор Кокошков се наоѓа на врвот на желбите на Управата на грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос за тренерската фукција по отказот за Аргирис Педулакис, пренесува „Еурохопс“.

Кокошков кој моментно е помошен тренер во НБА тимот, Сакраменто Кингс заедно со Димитрис Прифтис фигурира како најсериоззен кандидат за тренерката позиција кај „детелините“.

Панатинаикос би сакал да го врати Рик Питино, но Американецот неодамна стана селектор на Грција.

Останува прашањето дали Кокошков, кој ја освои европската титула со Словенија, би сакал да ги напушти САД каде работи скоро две децении.

Scroll to Top