Top Sport

Кокошков, сепак, ќе остане во НБА?

Игор Кокошков, првиот не-американски тренер во НБА лигата, беше отпуштен по само една сезона со Феникс санс, но последните вести зборуваат дека ќе продолжи во елитната американска лига како тренер на Мемфис гризлис.

Кокошков ги предводеше Санс до мизерен 19-63 скор, по што на 23 април клубот од Аризона му се заблагодари на соработката и го ангажираше Монти Вилијамс. Санс имаат сменето пет различни тренери од 2013 година.

Мемфис се во потрага по нов тренер, и според ЕСПН, веќе се направени првите контакти со српскиот тренер, кој претходно има искуство како помошник-тренер во тимовите на Лос Анџелес клиперс, Детроит пистонс, Кливленд кавалирс, Јута џез и во Санс.

Гризлис оваа сезона ќе го имаати вториот пик на драфтот, откако имаа 33-49 скор и го отпуштија Џ.Б.Бикерстаф по само две сезони. Тимот исто така ги премести генералниот менаџер Крис Волис и потпретседателот Џон Холингер на нови позиции.

Scroll to Top