Репрезентативецот на Парагвај Алехандро Пералта нема по добро да го памети квалификацискиот меч против Аргентина во рамките на квалификациите за пласман на кошаркаскиот Мундијал во Кина.
На почетокот на мечот Маркос Делија истрча контра и ја заби топката во кошот со што ја затресе целата конструкција.
По забивањето се случи инцидент кој за среќа заврши без последици. Имено кога Пералта ја уфрлаше топката во игра конструкцијата одд кошот падна врз него.
Играчот на Парагвај мина без посеризни последици, а на главата доби неколку конци.