Се множат проблемите во европската кошарка. По бројните случаи на играчи позитивни на коронавирусот во Зенит и во Асвел кои условуваа неодигрувањ евролигашки мечеви, опасниот вирус се појави и во Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант преку соопштение откри дека искусниот бек Фабијан Козер има позитивен ПЦР тест, останатите играчи се негативни.
Шпанската лига експресно реагирала и го одложи денешниот меч на „Кралевите“ против Билбао. Новиот термин ќе биде дополнително закажан.
Ова е вторпат Ковид 19 да се појави во Реал Мадрид. Во март годинава Треј Томпкинс беше првиот играч во Евролигата заразен со вирусот. Веднаш потоа европското натпреварување беше суспендирано.