Top Sport

Короната прави хаос во Евролигата, ПАО во изолација

Дуелот меѓу кошаркарските тимови на Панатинаикос и Зенит од шестото коло во Евролигата нема да се одигра во планираниот термин затоа што играчите од грчкиот тим се во карантин.

Вчера од ПАО објавија дека имаат еден заразен член на тимот, а не се споменува дали се работи за кошаркар, тренер или член на стручниот штаб. Грчките власти наложија цела екипа да оди во изолација затоа што екипата нема 8 играчи пред дуелот со Зенит во Русија.

Руската екипа веќе има искуство со вакво нешто сезонава затоа што три нивни меча досега се одложени.

Освен ПАО, короната е и во екипата на Алба Берлин, но и во Армани и Ефес.

Вчера од турскиот тим соопштија дека имаат заразен член во тимот, но нивниот дуел против Олимпијакос закажен за в петок не е одложен.

Scroll to Top