Top Sport

Кошаркар на Баерн итно опериран поради мозочен удар

Германскиот кошаркарски репрезентативец, играч на Баерн Минхен, Паул Ципсер (27), бил опериран откако имал мал мозочен удар. Оперцијата, како што објави клубот, била извршена во тајност минатата среда.

„Пол закрепнува, тоа е со можеме да кажеме за неговата здравствена состојба. Исто така, сакаме да ја замолиме јавноста да ја почитуваат приватноста на кошаркарот и неговото семејство“, рекол портпаролот на Баерн, Андреас Буркет.

Ципсер, бил хоспитализиран, откако се пожалил на вртоглавица и проблеми со координацијата.

Прегледите откриле дека имал помал излив на крв во мозокот, поради што бил итно опериран.

Scroll to Top