Теренс Кларк, загина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. 19-годишниот Клар, беше една од најголемите колеџ-ѕвезди во САД.
Кларк, не ја почитувал сообраќајната сигнализација. Управувајќи со својот автомобил тој минал на црвено светло, удрил во друг автомобил, па во канделабра и во ѕид.
„Момчето веднаш е пренесен во болницата Нортриџ, каде им подлегна на повредите“, изјавил портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.
Кларк, беше ѕвезда на универзитетот Кентаки. Оваа сезона, во просек бележел 9,6 поени. Поради повреда на стапалото пропушти 17 натпревари. Тој беше пријавен за драфтот, кој ќе се одржи на 29.јули.
Стручњаците му предвидуваа успешна кариера во НБА лигата.