Кошаркарот на Олимпијакос од Пиреја, Костас Папаниколау е позитивен на вирусот Ковид 19, јавија денеска од клубот.
Тој, како што наведуваат од клубот, имал позитивен тест, но немал никакви симптоми.
Папаниколау е во домашна изолација, а лекарите од Олимпијакос постојано ја следат неговата состојба.
Папаниколау во грчкиот клуб е од 2016 година, а претходно две сезони настапуваше во НБА лигата, во Денвер и во Хјустон.
За потсетување, вчера беше обелоденето дека со коронавирусот е заразен и грчкиот тренер на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис.