Top Sport

Кошаркар славел победа, па скокнал во море, ама не знаел да плива!

Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Питино кој работи како селектор на Грција, но воедно го предводи и универзитетски тим „Јона“ во САД ова лето младите кошаркари ги поведе на турнеја во Грција.

Питино на Твитер објави снимка на која неговите играчи во слободно време скокаат од карпи во морето. Но има еден од нив кој не знае да плива.

„Рајан Маерс постигна 22 поени во победата против Јоникос, а тогаш скокна од 10 метарска карпа. Апсолутно фантастично, но дури подоцна дознав дека не знае да плива“ напиша Питино на Твитер.

Сепак тука беа соиграчите на Маерс да му помогнат безбедно да излезе од водата.

Scroll to Top