Top Sport

Кошаркари, вакво нешто досега не сте виделе (Видео)

Една снимка од натпревар одигран во рамките на третиот ранг на американската кошарка утрово ги „запали“ социјалните мрежи.

Во салата, во Рок Ајленд (сојузна американска држава Илинои), дерби меч играче локалните колеџи Аугустан и Норт Сентрал.

Домаќините по една добра одбрана тргнале во контра-напад, нешто што е толку вообичаено за кошаркарската игра, меѓутоа гостинскиот играч Мередит Блејси, во обид да го блокира противникот, во скокот со главата удрил во таблата.

Иако се делувало драматично, Блејси, откако неколку минути му се укажувала лекарска помош, станал по неколку минути и го продолжил натпреварот.

Утрово, оваа снимка ја „победи“ и спектакуларната тројка на Џејмс Харден, на натпреварот помеѓу Голден стејт и Хјустон (134:135).

Scroll to Top