Top Sport

Кошаркарите до крајот не пронајдоа победничка формула (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Македонија го загуби и шестиот натпревар од квалификациите за СП 2023. Украина дојде во Скопје и си замина со триумф (68:73) потврдувајќи дека во моментот е поквалитетна селекција од онаа што ја има македонскиот селектор Драган Бајиќ. Без единствениот кошаркар кој настапува во Евролигата, Ненад Димитријевиќ, и без натурализиран кошаркар, толку е силата на Македонија. Овие избраници на Бајиќ не успеаја да пронајдат победничка формула ниту во шестиот меч.

Почетокот на натпреварот беше многу лош, а потоа иако многу работи делуваа подобро, на крајот, сепак, Македонија загуби. Ќе треба добро да се анализира и многу поподготвени да ги пречекаме следните предизвици.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top