Атрактивната македонска кошаркарка, Едина Муса, го освои 12. место на Светското првенство во фитнес во Бјариц, Франција.
Муса, која исто така работи како фитнес-тренер покрај тоа што настапува за КК Вардар, последната година ја потроши на подготовки за шампионатот, каде што беше единствен претставник од Македонија. Нејзиниот менаџер Никола Боглев, беше делегат на натпреварувањето.