Top Sport

Кошаркарките на Србија се европски шампионки

Кошаркарките на селекцијата на Србија се европски шампионки откако во финалето на ЕП во Валенсија со 63-54 ја совладаа селекцијата на Франција.

За Французинките ова беше петти Евробаскет во низа на кој доаѓаат во финалето, а притоа и петти пораз. Трипати губеа од Шпанија, а сега по вторпат од Србија.

Србинките предводени од Марина Маљковиќ до победата стигнаа пред се благодарение на Јоан Андерсон која имаше 18 поени и 4 асистенции, потоа Соња Васиќ со 12 поени (таа е прогласена за МВП на првенството) и Јелена Брукс која броеше до 15 поени.

Кај Франција најефикасна беше Валериана Вукосављевиќ со 15 и Марин Јоханес со 13 поени.

Бронзена на Евробаскетот е селекцијата на Белгија која со 77-69 ја совлада селекцијата на Белорусија.

Scroll to Top