Top Sport

Кошаркарска бомба во најава – играч на Партизан се сели во Звезда!?

Американскиот кошаркар Вил Мозил кој се уште има договор со белградски Партизан би можел да направи трансфер во лутиот ривал – Црвена Звезда, тврди италијанскиот кошаркарски новинар Лука Д`Алесандро.


Мозли, пред плеј-офот од минатата сезона, поради семејни причини, во договор со клубот се врати во САД.

На почетокот на подготовките за оваа сеона повторно дојде во Белград, но се уште не е позната неговата здравствена состојба и дали новиот тренер на „црно-белите“ ќе смета на него или ќе го пушти да си бара нова средина.

Од друга страна, Звезда бара играч на позиција центар за да го комплетира костурот за сезонава.

Не се реткост преминувањата од едниот во другиот белградски ривал, а списокот на имиња на кошаркари кои ги носеле двата дреса е над 50.

Scroll to Top