Кошаркарскиот клуб Олимпијакос ќе мора да се пресели во Втората грчка лига, решија челниците на грчката кошарка. Ваквата одлука доаѓа по тоа што „црвено-белите“ од Пиреја одбиле четвртфиналето во грчкиот шампионат против лутиот ривал Панатинаикос да го играат.
Од Олимпијакос инсистирале на меѓународни судии затоа што судиите кои биле делегирани се наоѓале на „црната листа“ на клубот. Олимпијакос најмногу негодуваше на делегирањето на Тасос Манос и Панајотис Анастопулос како судии.
Олимпијакос порача дека нема да игра со Панатинаикос ако правдата ја делат домашни судии. Барањето им било одбиено, по што следувал бојкот.
По откажувањето на Олимпијакос од плејофот, клубо е исфрлен во Втора лига.
Клубот поднел барање идната сезона да учествува во регионалната АБА-лига.