Top Sport

Костас Слукас е МВП на колото во Евролига (видео)

Кошаркарот на турски Фенербахче, Гркот Костас Слукас е прогласен за најкорисен (МВП) играч на 12. коло во Евролигата.
Турскиот тим на домашен терен синоќа ја победи Алба Берлин по продолжение, со 107-102.

Слукас забележа индекс на корисност – 39, постигна 23 поени и имаше 10 асистенции.

Грчкиот кошаркар беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања со 13 од 13.

На втората позиција како најдобар ова коло беше Шејн Јаркин кој имаше 24 поени и 8 асистенции со индекс 37 во победата на Ефес против Басконија (102-77).

Scroll to Top