Top Sport

Костоски се пензионираше од репрезентацијата

Јорданчо Давитков, селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, е соочени со големи проблеми во пресрет на натпреварот против Романија.

Американецот Ричард Хендрис доцни на подготoвките, откако летот од САД му бил откажан поради лошите временски прилики, Бојан Трајковски има проблеми со коленото и многу веројатно нема да игра против Ромамците, но она што сигурно го шокирало селекторот е барањето на Александар Костоски да биде ослободен од обvрските, бидејќи решил да стави крај на кариерата во националниот тим.

Селекторот информира дека Костоски од лiчни причини побарал да не биде во конкуренција не само за мечот со Романија, туку и во иднина.

Кошаркарот кој има 30 години со Македонија настапи на ЕП во 2013 и 2015 година.

фото/fiba.basketball

Scroll to Top