Top Sport

Крај на кариерата за Спанулис?

Кошаркарот на Олимпијакос Васили Спанулис поради повреда повеќе нема да настапува оваа сезона. Се поставува прашањето дали ова е крај на кариерата на 37 годишниот играч.

Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, Спанулис, се повреди во вторникот на натпреварот во Каунас против Жалгирис. Деталните прегледи покажале дека пред Спанулис е долга пауза.

Искусниот Грк се здобил со повреда на глуждот на десната нога. Истата повреда Спанулис ја имал и во финишот на сезоната 2018/2019.

Голема е веројатноста дека поради оваа повреда популарниот Били ќе стави кариерата. Тој веќе има 37 години, а неговиот договор важи уште оваа сезона.

Олимпијакос експресно реагираа и како замена за Спанулис го донесоа од Бешикташ Американецот Шакил Мекисик.

Scroll to Top