Top Sport

„Кралот Џејмс“ и неговите патики

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс Леброн Џејмс на натпревот против Вашингтон Визардс го привлече вниманието со патиките, а не поради трипл-дабл учинокот со кој го заврши дуелот.

Најдобриот на денешницата на паркетот излезе со една бела и една црна патика, за да покаже дека сите човечки раси се еднакви.

Гестот на „Карлот Џејмс“ предизвика воодушевување кај навивачите и на социјалните мрежи.

Инаку, изминатата ноќ Кливленд славеше над Вашинготн 106:99 и го запиша петтиот триумф во низа.

Леброн Џејмс дуелот го заврши со 20 поени, 12 скока и 15 асистенции што е негов 61.трипл-дабл во кариерата.

Scroll to Top