По 17 години поминати во Реал Мадрид, легендарниот шпански кошаркар Фелипе Рејес реши да ја заврши професионалната кариера.
Кариерата на Рејес започна во 1998 година во Естудијантес, а по 6 години се пресели во Реал Мадрид и оттогаш не заигра за ниту еден друг клуб.
Со „Кралевите“ освои две титули во Евролигата и една во Еврокупот, додека во седум наврати беше шампион на Шпанија.
За 23-годишната кариера собра токму 23 титули. Од индивудуалните одличја може да се пофали со две МВП награди во шпанското првенство, како и место во идеалната петорка на Евролигата, во 2015 година.
Рекордер е во шпанското првенство по бројот на одиграни натпревари (824), но и по бројот на скокови (4.725).
На 236 меча го носеше дресот на „Фуријата“, и притоа освои 10 медали.