Top Sport

Крис Пол го исфрлил Кари од салата, Стеф му се одмазди (Видео)

Играчите на Голден стејт и Хјустон, Стеф кари и Крис Пол, имале „дуел“ ден пред шестиот натпревар, во полу-финалето во Запдната конференција.

Ден пред мечот што им припадна на кошаркарите на Голден стејт, кои ја решија серијата со 4-2, Кари сакал да има шутерски тренинг во Тојота центарот. Добил дозвола да тренира од 19 до 20 часот.

Оваа информација некако ја дознал Пол, кој решил да се појави во арената за да тренира. Кари се понудил тој да тренира само на едната страна од теренот, но Пол не се согласил, поради што играчот на Голден стејт морал да замине.

Ден подоцна Кари уфрли 33 поени, сите во второто полувреме, од кои две важни тројки во финишот и заедно со Клеј Томпсон беа најзаслужни за пласман во конференциското финале.

„Повторно да ме исфрлиш од теренот дечко“, викал Кари заедно со Дрејмонд Грин пред соблекуваланат по мечот, а Грин рекол: „Исфрли го, исфрли го!“.

Scroll to Top