Анимираниот филм „Space Jam 2: A New Legacy“, со Леброн Џејмс во главната улога, првиот викенд од прикажувањето заработи 32 милиони долари. Со ова ја надмина заработката на филмот „Годзила против Конг Конг“, кој исто така е филм на компанијата „Варнер Брос“.
Леброн Џејмс е задоволен од ова достигнување, информацијата ја објави на социјалните мрежи со пораката: „Здраво хејтери“.
Овој филм е продолжение на 25 години стариот филм, во кој глваната улога ја имаше Мајкл Џордан.
Исто како и првиот дел и вториот не доби добри критики.
„Кошарката е убава за гледање. Space James 2 не е. Ќе се шокирате колку во филмот кошаркарски натпревар малку наликува на вистински спорт и колку е тешко филмот да се гледа до крај“, напишал „Ентертејмент Викли“.