Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва е во голема резултатска криза каква што љубителите на кошарката не паметат одамна. Екипата на Димитрис Итудис првпат по сезоната 2000/2001 врза 5 порази во сите натпреварувања.
Загуби од Асвел, Монако, Калев и Фенербахче, а последниот пораз од Уникс Казан 69-64.
Предводени од Ајзеа Канан и Марио Хезоња, тимот предводен од Велимир Перасовиќ со пресврт славеше против „Армејците“.
Поразот за тимот од Москва е уште потежок ако се знае дека до 35 минута беа константно во водство. Домаќините првпат поведоа со 57-56, по што се влезе во резултатска нишалка.
ЦСКА има можност катастрофалната серија да ја прекине за 4 дена кога во Москва доаѓа тимот на Макаби.