Top Sport

Крка се врати во АБА лигата

Кошаркарите на Крка ја освоија титулата во Втората АБА лига, откако во финалето на завршниот турнир, чии домаќин беше Чачак, ја победија приморска со 87:73 (31:29, 16:16, 21:9, 19:19).

Пресметката на двата тима од Словенија му припадна на поквалитетниот и поискусниот. Крка која пет сезони играше во АБА лигата, по една година пауза повторно се враќа во најсилното кошаркарско друштво на Јадранот.

До победата Крка ја предводеа Домен Братож со 18 поени, односно Марко Јошило (16 поени, 10 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки) и Паоло Маринели (16 поени, 4 скока, 4 асистенции).

На спротивната страна најефикасен беше Тадеј ферме со 14 поени.

Scroll to Top