Top Sport

Кукоч повторно номиниран за влез во Куќата на славните

Легендарниот хрваатски кошаркар, Тони Кукоч (52) повторно е номиниран за влез во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд во класата за 2021 година.

Тони Кукоч со Југопластика трпати во низа беше европски шампион, а трипата беше и шампион во НБА лигата, со тимот на Чикаго Булс.

Со селекцијата на Хрватска освои сребро на ОИ во 1992 година во Барселона, а бронза со „коцкастите“ освојуваше во два наврати – на СП во 1994 година и на Евробаскетот една година подоцна.

Со репрезентацијата на Југославија беше светски шампион од 1990 година и двапати европски шампион, во 1989 и во 1991 година.

Четворица Хрвати веќе се во кошаркарската Куќа на славните – Дражен Петровиќ (во 2002 година), Крешимир Ќосиќ (1996), Мирко Новосел (2007) и Дино Раџа (2018 година).

На листата номинирани во класата 2021. се и двајца познати српски кошаркарски тренери – Душан Ивковиќ и Ранко Жеравица.

Scroll to Top