Top Sport

Кузмиќ: Добар сум, фала на сите, одиме напред!

Српскиот кошаркарски центар, Огњен Кузмиќ е надвор од животна опасност. Тој од 14 јули го игра „најважниот натпревар“ во животот откако преживеа тешка сообраќајна незгода на патот Приједор – Бања Лука.

Кузмиќ ја објави и првата фотографија со својата сопругат и синот иако е под постојан надзор на лекарите во Ургентниот центар во Белград. На фотографијата со најблиските кошаркарот е насмеан и добро расположен.

Информациите од Србија се дека лекарите кои се грижат за неговото здравје се презадоволни од неговата реахабилитација и фактот што е физички здрав помогнал опоравувањето да оди така брзо.

„Добар сум, фала на сите, одиме напред, се чувствувам добро“ – напиша Кузмиќ на социјалните мрежи.

Scroll to Top