Поранешната НБА-ѕвезда, Ламар Одом, им се враќа на старите навики, иако пред две годни за влакно преживеа кога му се случи во еден бордел во округот Ни Кантри.
„ТМЗ спорт“ објави видео на кое се гледа како Одом во бесвест лежи на подот во еден ноќен клуб во Лос Анџелес. Обезбедувањето на клубот „Бутси Белоуз“ му помогнало да стане, а тој збунето ги гледал луѓето околу себе во ВИП-сепарето.
Одом пиел алкохол неколку часа, но неговата портпаролка го негира тоа.
„Во клубот беше премногу жешко. Дехидрира бидејќи претходно имаше напорен тренинг, по кој во организмот не внесе доволно течности“, им објаснила портпаролката на медиумите.
Поранешниот кошаркар во минатото имал проблеми со алкохолот и дрогите, а познат е неколкуте инциденти што ги предизвикал, од кои најпознат е оној од 2015 година кога во еден бордел беше пронајден во критична состојба. Медиумите тогаш шпекулираа дека претерал со комбинациите на алкохол и кокаин.
Подолг период мина во болница каде што лекарите го држеа во индуцирана кома поради проблеми со работата на бубрезите, срцето и белите дробови.
Ламар Одом е носител на две шампионски титули во НБА-лигата со екипата на ЛА Лејкерс, во кариерата настапувал и за ЛА Клиперс, Мајами хит, Далас Маверикс. Одом во 2011 година беше прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата.